Во полуфиналето на ракометниот фајнал фор кој ќе се одигра во Келн, Германија, екипата на македонскиот шампион Вардар ќе се сретне со Барселона.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов вели дека шпанскиот претставник е фаворит во натпреварот, но дека “вардарци“ не мислат однапред да се предадат.
„Сите екипи на фајнл-фор турнирот имаат исти шанси да победат и да ја освојат Лигата на шампионите. Можеби Барселона има повеќе предност, тие се фаворити, беа први во нашата група и двапати не’ победија, но ние никогаш не се предаваме, така ќе биде и сега“, вели Стоилов.
Натпреварот Вардар – Барселона ќе се одигра на 1 јуни.