Раководството на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука редовниот конгрес да се одржи во ноември

Раководството на ВМРО ДПМНЕ донесе одлука редовниот конгрес да се одржи во ноември

Централниот комитет на најголемата македонска опозициска партија ВМРО ДПМНЕ донесе одлука да се одржи редовен конгрес на таа партија во ноември. на највисокото партиско тело. Ова на новинарите пред седиштето на партијата, по состанокот на највисокото тело на партијата, го изјави членот на раководството на ВМРО ДПМНЕ Стефан Андоновски. Претходниот редовен конгрес на ВМРО ДПМНЕ се одржа на 23. Декември 2017 година и тогаш Христијан Мицкоски го смени Никола Груевски на чело на партијата.

Одлуката за кога е планиран редовниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ беше објавена откако група членови и поранешни функционери кои не се задоволни од работата на Мицкоски соопштија дека обезбедиле поддршка од мнозинството делегати од последниот редовен конгрес и дека на 28 март ќе биде организиран вонреден конгрес со намера да се смени сегашниот шеф на партијата. Андоновски рече дека одлуката на Централниот комитет на ВМРО е донесена по предлог на Извршниот комитет на партијата, кој се состанал деновиве.

Извор; Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …