Рап музиката станува проблем во Русија, власта воведува мерки за контрола

Загрижен поради се поголемата популарнот на рапот, рускиот претседател Владимир Путин побара од Министерството за култура побара да ја контролираат музиката. Ако не може да ја запреме, тогаш мора да ја насочуваме и контролираме, рече Путин.

Неговиот коментар доаѓа откако десетина настапи на рапери беа откажани, по предупредувањата на официјалните лица кои тврдат дека промовирале погрешни вредности. Путин истакна дека рапот се базира врз три столба- секс, дрога и протести. На средба со советниците за култура Путин предупреди дека обидите да им се забранат настапите на изведувачите би имале спротивен ефект, како и дека само ќе ја зголемат популарноста на рап музиката.

Најмалку тројца музичари неодамна беа притворени бидејќи, според руските закони, изведувачите може да се соочат со парични казни и други форми на одговорност поради непристојност за време на нивните настапи. Преку симболичен гест на помирување, Рускиот парламент најави дека ќе организира натпреварување за најдобра рап-песна на тема патувања во Русија.

Во меѓувреме, музичарите се снаоѓаат и организираат скришни настапи како електронско дуо „Ic3peak“ на Настја Креслина и Николај Костилев . И тоа не е гаранција дека настапот нема да биде прекинат.

Пред нивниот настап во Новосибирск,полицијата ги чекаше на замрзната платформа штом се спуштија од возот. Им беа проверени пасошите, а Костилев беше врзан со лисици и однесен во локалната полициска станица. Таму полицијата тврдеше дека добила анонимен повик за поседување дрога. Но, Креслина и Костилев, чии експериментални перформанси како електронското дуо IC3PEAK имаат провокативни и мрачни теми, велат дека вистинската причина за нивното апсење е нивната уметност.

За време на нивната турнеја низ цела Русија, која започна минатиот месец , шест од нивните 11 концерти се откажани. Сопствениците на клубовите беа под притисок, и им се закануваа со парични казни и затворање.

„Ние не сме добиле никакви официјални изјави, нема писма, ништо”, изјави Костилев за Асошиетед прес за вознемирувањето. „Ова се само методи на борба против уметноста”.

Извор: Радио Моф

Прочитајте повеќе

Ковачевски на автопатската делница Демир Капија- Неготино

Ковачевски на автопатската делница Демир Капија- Неготино, дел од Коридорот 10: Вложуваме во безбедноста на граѓаните и ја поврзуваме државата со Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и …