Општина Крушево денеска го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Градоначалникот Томе Христоски, изрази задоволство што после долги години на непреземање никакви активности, вечното почивалиште на Тоше конечно ќе добие достоинствен излед.
Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето на Тоше, објавен e на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.