Распука мозаикот на плоштадот „Скендербег“

Распука мозаикот на плоштадот „Скендербег“

Една година по официјалното отворање на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, мозаикот  распукува, јави „Порталб“.

Покрај мозаикот на фотографијата, има и бројни други пукнатини по ѕидовите на издигнатиот плоштад.

Од сајтот се обратиле во Општина Чаир, чија инвестиција беше плоштадот, а од таму добиле одговор дека нема оштетувања на мозаикот.

„Секторот за урбанизам во Општина Чаир постојано се грижи за одржувањето на плоштадот ,Скендербег’ преку поставување на потребната урбана опрема, засадување цвеќиња и редовно чистење. Комисијата ангажирана од овој сектор при последната теренска проверка откри оштетувања на плочките и на скалилата, коишто ќе бидат поправени наскоро. Во однос на тврдењето за оштетување на мозаикот, споменатата комисија, составена од архитекти и инженери, не откри оштетувања што бараат естетски интервенции“, одговориле од Општина Чаир.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …