Кивање, болки во телото, болки во грлото и затнат нос се некои од симптомите што обично ги имаме кога сме настинати. Според податоците на Светската здравствена организација, не сите од овие знаци се присутни и за време на корона вирусот и обичниот грип, пренесува „Порталб.мк“.
Корона вирусот кај заболените лица главно се манифестира со сува кашлица и треска, како и болки на грлото, главата, телото и исцрпеност со помал интензитет.
Лицата заразени од корона вирус не се карактеризираат со дијареја, кивање и затнат нос, кои обично се јавуваат при настинки.
Кај обичниот грип се истакнува суво кашлање, треска, главоболка, болки во телото и исцрпеност.
Извор: МЕТА