Размерите на катастрофата во Турција и во Сирија сѐ поголеми

Размерите на катастрофата во Турција и во Сирија сѐ поголеми

Три дена по разорниот земјотрес во турско-сириската граница, бројот на загинати, според официјалните податоци, се искачи на повеќе од 16.000.

Во Турција досега има 12.873 потврдени жртви и 62.937 повредени во катастрофалниот земјотрес што беше почувствуван на почетокот на неделата, соопшти турската управа за цивилна заштита Афад во четвртокот навечер, јавува државната новинска агенција Анадолу. Во Сирија во земјотресот загинале, пак, 3.162 лица.

Погодените области првично беа тешко достапни, но како што напредуваше спасувачката работа, бројот на жртвите се зголемуваше.

Хуманитарните агенции предупредија дека бројот на жртви само ќе расте, особено во Сирија, каде спасувачките тимови бараат преживеани во илјадниците урнати згради и покрај многу студеното време и високиот ризик од последователни потреси.

Многу од преживеаните во Турција и Сирија останаа без покрив над главата и спијат во автомобили, засолништа или надвор, на студ, дожд и снег во некои области.

Во понеделникот рано наутро, земјотрес со интензитет од 7,7, според германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ), го погоди турско-сирискиот пограничен регион. Во истата област во понеделникот попладне следеше уште еден земјотрес со јачина од 7,6 степени.

Земјотресот што погоди делови од Турција и Сирија e најсмртоносниот потрес од март 2011 година наваму, кога речиси 20.000 луѓе загинаа во Јапонија откако земјотрес од 9 степени според Рихтеровата скала предизвика смртоносно цунами.

Прочитајте повеќе

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите придружници, вклучително и министерот за надворешни работи Хосеин Амир …