РБГ: Само девет отсто од човештвото со пристап до слободно новинарство (инфографик)

РБГ: Само девет отсто од човештвото со пристап до слободно новинарство (инфографик)

На Светскиот ден на слободата на медиумите, „Репортери без граници“ (РБГ) денеска алармираше дека само девет отсто од човештвото живее во земја во која нивото на слободата на масмедиумите е добро или задоволително. Тоа е пад за цели 11 отсто во последните пет години, порача меѓународната организација која се бори за слободата на новинарството.

„Само девет отсто од човештвото живее во земја за која РБГ го проценува нивото на слобода на новинарството како добро или задоволително – земја обоена со бело или жолто на Светската карта за слободата на новинарството, која е создадена на основа на Светскиот индекс за слободата на новинарството за 2019, објавен од РБГ на 19 април“, порача организацијата.

 

-Ниту еден од големите проблеми на човештвото – без разлика дали е тоа глобалното затоплување, корупцијата или неднаквоста на половите – не може да се реши без информации што слободно и независно се создаваат и се веродостојни, со други зборови без квалитетно новинарство. Сегашната ситуација е многу загрижувачка за новинарите, но пред се за сите човечки суштества што се лишени од нивното право за информирање – вели Кристоф Делор, Генерален секретар на РБГ.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …