Реакција на СДСМ Крушево и градоначалникот Христоски: Дурловски има најмалку право да зборува за Крушево!

Реакција на СДСМ Крушево и градоначалникот Христоски: Дурловски има најмалку право да зборува за Крушево!

Општинската организација на СДСМ од Крушево и градоначалникот Томе Христоски, реагираа на фејсбук статусот на носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5. Соопштението на ОО на СДСМ Крушево ви го пренесуваме во интегрална форма:  

Игор Дурловски од ДПМНЕ има најмалку право да зборува за Крушево, бидејќи за Крушево ништо не знае.

Дурловски треба да го консултира бегалецот од Будимпешта, негов ментор и под чие водство се организираа протестите на 27 април, за тоа како во период од 11 години ништо не направија за Крушево и како се купуваа парцели на „Вршник“, додека градот тонеше во кал.

Да го консултира и сопартиецот Миле Јанакиески, за неговите зборови дека ќе го затвори музејот на Тоше, дека ќе ја избрка „Таа“ од работа и ќе ги скрати парите за фамилијата на нашиот Тоше.

Крушево во изминатите 2 и пол години забележува вистинска ренесанса. Се реконструираат улици, се градат патишта, канализации, водоводи, се инвестира во туризмот и се привлекуваат нови инвестиции.

Се реконструираше спортската сала, се изгради пат до Крушевско езеро, се гради пат до Пуста Река, набавени се возила за ТППЕ Крушево, „Комуна“ и општината. Се реконструираше и музејот „Илинден“ пред кој Дурловски се фотографираше. Во Крушево се гради и гробното место на Тоше, име кое нечесно го спомнува оперскиот пејач.

По населените места исто така се градат патишта, резервоари, канализации, градинки и друго.

Крушево, предводено од градоначалникот Томе Христоски и СДСМ, се наоѓа на прав пат со реализирани проекти од над 4 милиони евра. И да знаете, можеме уште повеќе, можеме уште подобро!

Со своја реакција излезе и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, кој на својот фб профил меѓу другото напиша:

„Игоре, не само што тие што те пуштија по вода, те шетаа низ Крушево и за се’ те излажаа, туку не ти кажаа каде беше градот и што се работеше во него во изминатите 11 години со локална и централна власт на ДПМНЕ, а каде е Крушево сега, за само две и пол години власт на СДСМ?

Да не зборувам за Тодор Тоше Проески. На вашиот Миле и моите двајца претходници им беше поважно да се изгради Спомен куќа, по се’ изгледа заради згрижување на партиските војници, но не и гробното место на Тоше, каде сите му се поклонуваме за неговиот придонес, за делата кои ги правеше. Не само за општината, туку и за државата, како репрезент и најдобар амбасадор. Зарем заслужи нашиот Тоше и после 12 години да биде сеуште на импровизирано спомен обележје!?

Додека се промовиравте и сликавте пред споменикот на „Мечкин Камен“, го одминавте полетиштето, кое од аматерско прерасна во светска дестинација, мека за параглајдеристи. Тука го одржавме Светското првенство за параглајдерство во 2019 година, тука се одржуваат и сите национални државни првенства за параглајдерство и змејарство, место каде во 2021 година ќе биде организирано и Светското првенство за змејарство. Затоа ја почнавме неговата реконструкција и изградба, со цел да создадеме услови да ги задржиме натпреварите и посетителите. И кога сме кај туризмот, треба да знаете дека во 2018 година имавме 60% повеќе посетеност на туристи во Крушево во однос на 2017 година, кога во општината и државата владееше ДПМНЕ.

Убаво е да дојдеш Игоре и да престојуваш во Крушево, за да видиш дека секаде каде што помина се изменило на подобро. Крушево не е повеќе на колена. Крушево се гради, не се кради“.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …