Реакција на ЦИВИЛ: Кампањата на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ на границите на етиката и законот

Реакција на ЦИВИЛ: Кампањата на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ на границите на етиката и законот

Соопштение на ЦИВИЛ за кампањата на кандидатката за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова:

„При спроведување на долгорочниот мониторинг на предизборните активности на претседателските кандидати и политичките субјекти што ги поддржуваат, ЦИВИЛ – Центар за слобода констатира предвремено започнување на политичката кампања и манипулација со недостатоците во Изборниот законик.

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија што ја поддржува нејзината кандидатура организираа настан во Штип, на 25 март, типичен за политичка кампања. Се работи за јавен собир во салата на ОК ВМРО-ДПМНЕ, на кој таа се промовира како претседателска кандидатка. Граѓанките и граѓаните во Штип биле информирани дека таа доаѓа во Штип, иако немало официјален јавен повик.

Политичката кампања, според законот, може да започне 20 дена пред денот на гласањето, односно на 1 април.

Изненадувачки е што универзитетска професорка по Уставно право, Политички систем, Модели на демократија и други предмети, се користи со недостатоците во Изборниот законик, а притоа ги крши демократските стандарди и начелата за фер и демократски изборен натпревар. Јавноста има право да знае кои се мотивите за ваквата кампања, особено затоа што изборните кампањи се платени од буџетот, односно од парите на даночните обврзници на Република Северна Македонија.

Ги повикуваме релевантните институции, пред сѐ, Државната изборна комисија и обвинителството, веднаш да реагираат и да ги повикаат на одговорност политичките субјекти што ги кршат законите и демократските стандарди.

Ја користиме оваа прилика уште еднаш да упатиме апел до политичките субјекти инволвирани во изборниот процес максимално да ги почитуваат законите и демократските стандарди во изборните процеси“.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …