Реформите на социјалната политика значително го зголемија животниот стандард на социјално ранливите категории на граѓани

Реформите на социјалната политика значително го зголемија животниот стандард на социјално ранливите категории на граѓани

Дејан Тошески, в.д. раководител на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјални работи (МЦСР) – Прилеп, денеска одржа прес конференција на која информираше за реформите во ресорот труд и социјала.

Тошески напомена дека на територијата на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, за кои надлежен е МЦСР – Прилеп, правото на гарантирана минимална помош го остваруваат над 2.000 домаќинства.

„Ова право овозможи социјално ранливите категории да примаат зголемени социјални трансфери во парични средства, се’ со цел подобрување на нивниот животен стандард. Пред социјалната реформа, едно четиричлено домаќинство примаше социјална парична помош во висина од 3.000 денари, сега со новото право и со образовниот и детскиот додаток, истото тоа семејство ќе добива 10.600 денари. Повеќе од 500 лица на територијата на трите општини, почнаа да го користат новото право ‘социјална сигурност за старите лица’. Износот на ова право изнесува 6.000 денари, плус 1.000 денари за енергенски додаток за месеците од октомври до март. Овој додаток од 1.000 денари го добиваат и корисниците на гарантирана минимална помош“, истакна Тошески.

Првиот човек на ЈУ МЦСР – Прилеп, потенцираше дека пакетот на мерки од социјалната реформа покажува дека Министерството за труд и социјална политика води грижа за социјално ранливите категориина граѓани. Истовремено, Тошески го истакна и новото право за траен надоместок за родители кои се грижат за своите деца со попреченост на возраст до 26 години, кое веќе го користат десетина лица од општина Прилеп.

Она што исто така треба да се каже, е дека од вторник, 10 декември, започнува со работа подрачната канцеларија на МЦСР – Прилеп во општина Долнени, каде своите права ќе можат да ги остварат жителите на општина Долнени. Кацеларијата ќе биде сместена во ооштинската зграда во населеното место Ропотово.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …