Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри

Хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“ во една од своите најнови статии се осврнува на проблемот со лажна наградна игра на синџирот супермаркети „Конзум“ во Хрватска. Со понуда за бонови за пазарување во супермаркетите се намамуваат фанови на Фејсбук страници и се прибираат нивни лични податоци, иако „Конзум“ на официјалната Фејсбук-страница објавил предупредување дека станува збор за измама а не нивна наградна игра, пишува „Фактограф“.

За речиси идентична измама во Босна и Херцеговина пишува босанскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“. Во овој случај, станува збор за лажна наградна игра на хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“, која наводно доделува два авионски билети. Но зад оваа „акција по повод 30-годишнината на компанијата“ всушност стојат најобични измамници кои само сакаат да дојдат до лични податоци на лековерниците. За разлика од хрватската измама, во овој случај станува збор за две лажни веб-страници croatiaaitlines-tickets.club и croatiaairlines.monster.

„При обидот да ги отвориме во веб-прелистувачот Chrome, програмата веднаш нè предупреди дека станува збор за измамнички веб-страници“, пишува „Раскринкавање“.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …