КОВИД-19

Регистрирани 168 нови случаи на ковид-19 во последното деноноќие, бројките растат

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1.

Од вкупниот број позитивни (168),случаи на реинфекции има 28.

Бројката на нови случаи соопштена денеска е речиси иста колку бројката на нови случаи соопштена вчера – но таа се однесуваше на период од претходните 3 дена, односно од петокот до неделата.

Во последните 24 часа регистрирани сe 90 оздравени пациенти, не се пријавени починати лица, а дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица во претходниот период.

Досега во земјава се направени вкупно 2.079.613 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на потврдени случаи 313.708, бројот на оздравени пациенти е 303.738, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 648.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …