РЕК Битола се обврза помалку да ја загадува животната средина

РЕК Битола се обврза помалку да ја загадува животната средина

Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа и РЕК Битола потпишаа меморандум за соработка, со кој ќе ја промовираат одржливата употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина.

„РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум за соработка се обврзуваат на заедничка посветеност, да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита, и унапредување преку стимулирање на одржлив развој. Овие заложби се и во насока на исполнување на инвестициската програма на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, меѓу кои се и зголемено производство од обновливи извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност, модернизација на постојните објекти, воведување на еколошки технологии и усогласување со националните и ЕУ стандардите“, соопштуваат од компанијата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …