Реконструкција на водоводната линија во делчевско Габрово

Екипи од ЈПКД „Брегалница“ од Делчево, денеска ги започнаа градежните работи за реконструкција на  водоводната линија во село Габрово. Станува збор за реконструкција на потисен цевковод од Ф-110 во должина од 150 метри, односно линијата од пумпата до резервоарот во селото. Реконструкцијата на водоводната мрежа на оваа локација е продолжение на активностите на ЈПКД „Брегалница“ од минатата година, кога беа реконструирани околу 700 метри од водоводната линија во селото, а потребата од реконструкцијата на водводната линија беше наметната поради честите дефекти во мрежата и проблемите што ги има селото со водоснабдувањето.

По завршување на активностите околу реконструкцијата на оваа линија се создаваат услови да отпочне изградбата на улицата во селото која подолго време ја бараа жителите кои живеат во овој дел на селото. Улицата ќе се гради со бехатон плочки во должина од 198 метри. Градежните работи треба да започнат деновиве, а изведувач на работите е фирмата „Фабрика Карпош“ од Скопје. Вредноста на инвестицијата изнесува 872 илјади денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

Прочитајте повеќе

Ковачевски – Олчак: Филип Морис ги зголемува инвестициите во Тутунски комбинат Прилеп, пласман на македонското производство во странство

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамките на работната посета на Њујорк се сретна со …