Реконструкцијата на „Партизанска“ ќе заврши викендов

Реконструкцијата на „Партизанска“ ќе заврши викендов

Булеварот „Партизански одреди“ е главна сообраќајна артерија, а ние завршуваме со нејзината реконструкција во потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до мостот Обединети нации за помалку од месец дена, информираше денес на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Токму овој потег беше во очајна состојба, со оштетен коловозник и претставуваше вистинска опасност. Очекувам до крајот на овој викенд во целост да биде поставен завршниот слој, останат е само еден мал дел до мостот“, рече Шилегов.

На забелешките дека на скопјани им пречи сообраќајниот метеж предизвикан од реконструкцијата на коловозниците, Шилегов потсети дека минатата градска администрација, реконструкцијата на потегот од Симпо до „Макпетрол“ ја вршела повеќе од осум месеци.

„Се трудевме во рамките на она што е можно кога се работи за ваков сериозен градежен зафат, сообраќајниот проток да биде непопречен“, додаде Шилегов.

Според првиот човек на Град Скопје, утре се очекува да биде променет сообраќајниот режим на мостот „Гоце Делчев“, а до 10 или 15-ти август треба целосно да биде завршен“. До крајот на летната сезона тој најави и реконструкција на булеварот кај Бит Пазар, кој треба да биде завршен до 10 септември.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …