РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛАДАТА ГОТОВА ДО ПЕТОК

Познати се имињата на новите министри – но не и на новите директори. Владината реконструкција е исцртана – а најдоцна до петок ќе стигне и до пратениците, а според најавите на почетокот на идната недела пратениците ќе гласаат за новиот владин состав. Според портпаролот на ДУИ, пак, во понеделник веќе ќе имаме нова Влада.

Разговорите за директорските смени пак, продолжуваат – Османи вели откако ќе заврши реконструкцијата на Влада, со новите министри ќе се договараат и најавените директорски смени.

Уште не сме завршиле со овој процес бидејќи сме договорени прво да заврши реконструкцијата на министрите, за да после тие дадат придонес во изборот на нови директори. Моментално зборуваме за смена но и за нови именувања. Дебатата со СДСМ е завршена во врска со реконструкцијата. Четврток или перок предлозите ќе бидат во Собрание, во понеделник ќе имаме нова Влада.

Според Заев по министерската смена идната недека ќе следуваат не само директорските туку и кадровските промени. До крајот на месецот најави дека ќе бидат познати и новите имиња на потпретседателите на партијата, но и на останатите 48 претседатели на општинските организации. Владината реконструкција за опозициските партии е само најава. Според БЕСА за нови директори и министри се зборува веќе два месеци но тоа велат никако да се случи.

Заев треба да го пополни местото на Љупчо Николовски во земјоделство, откако тој беше назначен за генерален секретар на СДСМ. Покрај земјоделие, култура и новото министерство за политички систем по автоматизам ќе добијат нови министри.

Meѓутоа по оставката на Асаф Адеми неизвесно е дали култура ќе остане кај Алтернатива на Африм Гаши – тој за ТВ 24 вели дека деновиве очекува покана за средба, но и договор со Заев.

Како што веќе објави тв 24 според партиски извори во ДУИ- Садула Дураку останува во Влада, но како министер за политички сиистем во новото министерство, на негово место во животна средина ќе дојде Насер Нуредини. Но нема инфорамции дали Заев се согласил – Дураку да остане во Владата. Неофицијално во кабинетот на Заев влегува лидерот на ЛДП Горан Милевски како министер за локална самоуправа, партијата на Весел Мемеди, која досега министеруваше со ова место, го добива безресорното на Шапуриќ, кој пак најверојатно ќе замина на нова дирекотрска позиција. Нов министер најверојатно ќе има и на вицепремиерското место на Хазби Лика.

Извор: ТВ24

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …