Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски:
Гордана Силјановска исто како и Христијан Мицкоски не е искрена и е лицемерна кон граѓаните.
Кандидатката на Мицкоски, Гордана Силјановска, во јавноста говори дека не го признава уставното име на нашата татковина, Република Северна Македонија. Таа јавно се обврза дека никогаш нема да го користи тоа име.
Но дали е Силјановска чесна како што се претставува или не е како што знаеме?
Пред граѓаните Силјановска треба да одговори како ја поднела кандидатурата до Државната изборна комисија?
Дали Силјановска е потпишана како кандидат за претседател на Република Северна Македонија?
Дали уште пред да почне кампањата, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја излажа јавноста за едно од нејзините клучни ветувања?
Јавноста чека одговор.
Почитувани,
Лажно и лицемерно однесување пред граѓаните е неприфатливо.
Граѓаните ќе одберат вистински, искрен и чесен претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе го изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО.