Ременски: Пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата

Ременски: Пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата

Интегрален текст и видео од денешната изјава за медиуми на Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието на Република Македонија и потпретседателка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Членството на Македонија во НАТО и ЕУ е стратешка определба, врвен национален и државен интерес.

Над 80 отсто од сите граѓани и над 90% од оние кои гласаа на референдумот се за НАТО и ЕУ и волјата на ова огромно мнозинство граѓани треба да биде испочитувана од страна на пратениците во Собранието.

Откако Владата најави дека доставува до Собранието на Република Македонија нацрт амандмани за уставни промени, како чекор од Преспанскиот Договор, ги  повикувам пратениците од сите политички партии да преземат одговорност за иднината на државата.

Договорот ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и зајакнат идентитет.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните и да обезбедат иднина.

Ги повикувам пратениците кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во тоа име, во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Ова е шанса за сите пратеници, заеднички да обезбедат сигурна и стабилна иднина за граѓаните, за нашата заедничка татковина Република Македонија, како членка на ЕУ и НАТО.

Никој не треба да се надева или да очекува амнестија. Македонија е правна држава а расчистување на секаков вид криминал е приоритет.

Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја блокира иднината, тогаш не преостанува ништо друго освен организирање на предвремени парламентарни избори,веднаш.

Нема бегање од одговорноста, волјата на мнозинството граѓани мора да биде и ќе биде испочитувана. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …