Гласачките места се затворени во делови на Соединетите Држави за среднорочните избори за Претставничкиот дом, Сенатот и гувернерите на сојузните држави. Републиканците досега освоија шест места во трката за Претставничкиот дом, која претходно ја водеа демократите.
Неколку медиуми предвидуваат дека републиканците ќе успеат да ги задржат најмалку петте места што им се потребни за да го контролираат Претставничкиот дом.
Тие досега имаат обезбедено 184 од вкупно 435 на телото, со демократите 155. Сепак, резултатите од Калифорнија и другите држави на Западниот брег наклонети кон демократите допрва треба да стигнат.
На изборите за Сенатот и двете партии во моментов обезбедија по 46 мандати, пренесува CNN. Ова тело има 100 места.
Конкуренцијата за преостанатите 8 места е неизвесна, особено во Џорџија и Пенсилванија, па може да потрае неколку дена за да се дознае победникот, а можно е да се оди во вториот круг на гласање на 6 декември доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 проценти од гласовите.
Анкетите покажаа дека демократите веројатно ќе постигнат подобри резултати од очекуваното со оглед на моментално нискиот рејтинг на Бајден.
Извор: Радио Слободна Европа