Ресен: Новогодишен концерт на класична музика

Ресен: Новогодишен концерт на класична музика

Со новогодишниот класичен концеерт во Ресен, завршија бројните културни настани кои се одржаа деновиве во рамките на предновогодишната програма, организирана од Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

Учениците од школата за пијано, која работи под водство на Гоце Милошевски, одржаа концерт во кино салата во Ресен, пред бројната ресенска публика.

„Учениците во оваа школа во текот на целата година макотрпнo работат, вежбаат, настапуваат и го претставуваат Ресен во државата и надвор од неа. Токму затоа, овој концерт за нас значи многу и ни претставува особено задоволство што пред нивните родители и останатите наши сограѓани, тие имаат можност да го прикажат својот талент“, рече наставникот Гоце Милошевски.

Како специјални гости на овој концерт настапија и професорите Љупчо Милевски на виолончело и Игор Милевски на виолина.

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните  настани во Ресен и годинава понуди квалитетни содржини за сечиј вкус во текот на месец декември.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …