Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола.

Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети во земјава, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и земјава ќе излезе од енергетската криза без рестрикции на струја, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.

Генералниот директор на АД ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, изјави дека термоелектраната континурано работи веќе 10 дена и не очекува проблеми во следниот период, како и дека во план е целосно да се реализира договорот за деловно-техничка соработка со АД ЕСМ во однос на производството на електрична енергија од овој капацитет.

Инаку, управниот одбор на АД ЕСМ и управниот одбор на АД ТЕЦ Неготино извршија увид во работењето на ТЕЦ Неготино, која што непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември и во моментов работи со половина капацитет, односно со еден котел со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …