Претседателот Пендаровски прими делегација на Комората на медијатори

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, предводена од нејзиниот претседател Славе Младеновски.

Младеновски информираше за конкретните активности на Комората  и на медијаторите, кои се вистинско место за заштита на интересите на граѓаните. Комората постои две години, а Северна Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка. Поголем број спорови решени по пат на  медијација, носат  економичност, ефикасност и брзина во решавање на споровите, заштеда во буџетот на граѓаните и на државата и намалување на степенот на конфликтност во општеството.

 Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на медијаторите како носители на демократско право за пристап до правдата надвор од судовите, притоа  обезбедувајќи примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …