Рикер назначен за привремен амбасадор на САД во Лондон

Рикер назначен за привремен амбасадор на САД во Лондон

Амбасадорот Филип Рикер е назначен за шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Лондон, привремено, во отсуство на амбасадор, соопшти Стејт департментот, пренесе Гласот на Америка.

Тој ќе ја презеде оваа функција на први август. Амбасадорот Рикер во моментов е в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Рикер беше амбасадор на САД во Северна Македонија од 2008 до 2011 година.

Канцеларијата на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, рече дека САД немаат поблизок сојузник од Обединетото Кралство, и оти амбасадорот Рикер е посветен да продолжи да го унапредува овој специјален однос.

Рикер учествуваше на регионална конференција во Охрид на почетокот на месецов, каде истакна дека Северна Македонија е значаен придонесувач на глобалната безбедност, а македонската дипломатија ја нарече храбра во контекст на потпишувањето на Договорот од Преспа и заложбата за добрососедски односи.

Тој ја истакна заложбата на САД за што побрза интеграција на земјата во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …