Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Рикер во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на воените сили на САД. Тој ќе биде иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.
Рикер попладнево ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Претпладне Рикер ќе се сретне и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Во Скопје, Рикер ќе учествува на конференцијата на Маршаловиот фонд на САД. Рикер беше амбасадор на САД во Македонија од 2008 до 2011 година.
Рикер е наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава.
Извор: МЕТА