Ерол Ризаов

Ризаов: Е, ова е нова бугарска административна окупација

Повеќегодишното бугарско вето со воскреснувањето на Ванчо Михајлов прерасна во нова административна окупација на иднината на Македонија, да не биде членка на Европската унија.

Пишува: Ерол Ризаов

Мостот што Македонија го гради макотрпно дење кон Бугарија за премостување на  историски надојдените води, ноќе под закрила на темницата бугарските мрачни сили го уриваат. Се фрла во матната секој сантиметар мака и жртва на македонскиот народ и држава. Така, повеќегодишното вето со воскреснувањето на Ванчо Михајлов во Битола прерасна во нова административна окупација на иднината на Македонија, да не биде членка на Европската унија . Ете, ова е најновата бугарска „административна окупација“ за разлика на онаа пред пред 81 година која траеше пет години и беше класична окупација од војските на фашистичка Бугарија, Германија и Италија на целата територијата на денешна Македонија.

Ако ветото е тешка злоупотреба на основачките акти на ЕУ за почеток на преговорите, тогаш, приемот на Македонија во ЕУ по стоте и кусур последователни вета и блокади што секако ќе се стават од милите ни  комшии кои многу сакаат што поскоро  да ја видат Македонија како членка на ЕУ   би требало да заврши со специјална операција за враќање кон бугарските корени на Македонците. Оваа специјалната операција, се разбира, нема да биде, како руската инвазија на Украина, но има и други, исто така, многу опасни злосторства врз еден народ и една држава и без класична војна.

На пример, следејќи ги заложбите и заблудите на бугарската политика тоа може да  биде просветителско, образовно и културно ослободување од стравот на стотици илјади измачувани, онеправдани и малтретирани македонски бугари само затоа што се кажуваат Бугари. Ваква небулоза може да помине само во Бугарија каде сонот од Сан Стефано за големата држава уште се сонува и на јаве.

Што остана од „новиот почеток“ во бугарско-македонските односи, најавен од премиерите Петков и Ковачевски?Што остана од „новиот почеток“ во бугарско-македонските односи, најавен од премиерите Петков и Ковачевски?

Ванчо Михајлов ќе ги исправи грешките на Сталин и Тито

Со пропагaнда, пари и привилегии, со европски пасоши и отварање на културни клубови  со името на македоноубиецот и фашистВанчо Михајлов да станеш Бугарин во Македонија не можат да се постигнат никакви  резултати, но може да се дестабилизира Македонија со наши  внатрешно политички и партиски  пресметки произведувајќи деноноќно домашни предавници и непријатели.  Но, и тоа  како и во целиот период од поновата историја на односите меѓу двете земји нема да биде доволно.

Одамна е потрошена и добро  осознаена  бугарската повеќедецениска  доктрина дека е неопходно освестување од заблудите за својот идентитет и јазик на сите два три милиони, тврдоглаво заблудени Македонци кои живеат во Македонија и во светот за конечно да прифатат  кој се и што се и дека досега се раѓале, живееле, умирале и гинеле во војни за слобода со погрешно национално чувство наметнато со директиви  од  Сталин и Тито и со предавството на Ѓорги Димитров. Тоа што го направиле Сталин и Тито сега бугарските политичари  ќе го исправаат со културата на Ванчо Михајлов. Тоа налага задолжителна специјална операција единствена од овој тип досега изведена во светот со уривање на таканаречениот вештачки македонизам за спасување на напатениот бугарски народ во Македонија.

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …