Ерол Ризаов

Ризаов: Како голтарите станаа милионери

Квалификативот на чесност во политиката се стекнува со личен пример на партиските лидери и моралната чистка на компромитираните корумпирани политичари почнувајќи од сопствениот двор.

Пишува: Ерол Ризаов

Кога го видов насловот „политичарите голтари станаа милионери“ објавен во речиси сите медиуми изведен од изјава на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прво што помислив, еве една вистинска опозициска тема од највисок државен интерес која ја џвакаме и преџвакуваме најчесто безуспешно цели 30 и кусур години.

За жал, изненадувањето за „храброста“ на опозицискиот лидер се стопи уште од првите реченици. Мицкоски поентира само со  насловот преземан од неговата точна констатација која сите ја знаеме, ја гледаме во живо, ја пишуваме истата тема со децении како на мраз под сонце дека „имаме политичари кои во политиката влегуваат голтари, а излегуваат милионери и милијардери.“ А, некои богами и не излегуваат, остануват закотвени во политиката, полни со пари како прекуокеански танкери и со баснословни имоти и дворци како средновековни олигарси.

Ќе беше тоа полн погодок, ако Мицкоски не ги препознава милијардерите арамии само кај политичките противници. Квалификативот на чесност во политиката се стекнува со личен пример на партиските лидери и моралната чистка на компромитираните корумпирани политичари, почнувајќи  од сопствениот двор, од сопствената партија, од своето најтесно опкружување. Притоа, редовно проследено со силна поддршка на неселективно владеење на правото со независен правосуден систем и кога сте на власт и кога сте во опозиција, а не со притисоци и блокади во Собранието колку ваши, или наши судии и обвинители ќе има во сите судски инстанци. Без таа цврста определба за непопречување на правдата, прозивките за злоупотребите на власта и  големата корупција  повеќе наликуваат на „јунакот“ од народната поговорка „држте го крадецот“, отколку на подготвеноста за пресметка со криминалот на политичарите.

Прво извинување за злоделата, а потоа чистка 

Христијан Мицкоски, со секојдневната јавна загриженост за крадењето од државната каса на парите на граѓаните, како и многу македонски политичари, игра на картата на кратко паметење на најдолгата и најмачна транзиција на македонското општество. Ако злоупотребата на власта е најсилниот извор на организираниот криминал и на највисоката корупција, на безмилосно осиромашување и ограбување на граѓаните, груба и насилна деградација на демократијата и најтешка блокада на побрзиот развој на државата, ако е тоа најголемата пречка за остварување на стратегиските интереси на Македонија, тогаш, неминовно е за секој политичар заседнат со години во високата политика да почне со отстранување на гнилежот во својата партија.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Мицкоски ќе нѐ качува на платформа

Зошто партиите непотребно прават предизборни програми, принудени да лажат, кога имаат готова програма? Треба само …