Романската амбасадорка Аксинте ја посети Витаминка

Романската амбасадорка Аксинте ја посети Витаминка

Амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте оствари работна посета на Витаминка при што се сретна со Претседателот на Одборот на директори Симон Наумоски, Владимир Трпаноски, комерцијален директор и директорот за извор, Љупчо Велески.
На средбата посебно се разговараше за подобрување на соработката помеѓу Витаминка и романските компании. Исто така, тема на разговор беше и извозот на македонските производи во Романија, односно создавање нови можности и зголемување на капацитетите за интензивирање на извозот.

При самата посета, амбасадорката Аксинте имаше можност да се запознае со работењето на најголемата прехранбена индустрија во земјава и со производствениот асортиман, а беа презентирани и големиот број имплементирани проекти и општествено одговорни активности што Витаминка континуирано ги реализира.

Прочитајте повеќе

Димитријевиќ: : ДПМНЕ и ЗНАМ сами да си ја гласаат предавничката Резолуција

Димитријевиќ: : ДПМНЕ и ЗНАМ сами да си ја гласаат предавничката Резолуција

„СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари. Нека си ја …