РСС: Во Македонија во последните осум години отворени 103.000 нови работни места

Западен Балкан се враќа на патеките на порастот, бидејќи во земјите во регионот од 2010 досега се создадени 600.000 работни места,  (од кои дури 103.000 во Македонија!), а во работната сила во регионот се влезени дополнителни половина милион високообразувани луѓе, велат од Регионалниот совет за соработка (РСС).

Во Македонија во последните осум години се отворени 103.000 нови работни места, односно тоа е вториот најдобар резултат во Западен Балкан во оваа категорија.

Од РСС велат дека во земјава е забележан и импресивен раст на трговијата, односно македонската економија во последните осум години  речиси двојно го зголемила обемот на трговијата – од 6,9 милијарди евра на 12,5 милијарди евра.

Македонија е во врвот на статистиките и по тоа што во истиот период биле нововработени 71.062 висококвалификувани луѓе.

Во истиот период во Западен Балкан трговијата пораснала за дополнителни 33 милијарди евра, а трговскиот дефицит се намалил од 23,1 на 19,7 проценти од БДП. Тоа се должи на одличниот обем на извозот, што сигнализира за зголемена конкурентност на производите и услугите од регионот на меѓународните пазари.

Тоа беше соопштено на денешниот состанок на Управниот одбор на „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“ на РСС.

– Среќен сум што Западен Балкан се врати на патеките на растежот и постигнува добри резултати – вели Горан Свилановиќ, генерален секретар на РСС.

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Се соочуваме со предизвик што често се доставуваат неточни податоци, односно трансакциски сметки на родители …