Рушевини во Киев

Русија целосно се повлече од Чернигов и Киев, се насочува кон Донбас

Сите руски трупи од регионите Чернигов и Киев се повлечени, соопшти Пентагон вчера. Но, според ситуацијата на терен, како што известува Би-би-си, тоа не значи деескалација на војната, оти Русите сега се насочуваат кон регионот Донбас и се прави обид да се заобиколат украинските одбранбени сили таму.

„Руските сили во близина на Киев и Чернигов целосно се повлекоа од тие области со цел да се консолидираат и повторно да се подготват во Белорусија и Русија. Путин постигна нула од неговите стратешки цели. Единственото нешто што успеа да направи е да ја преземе контролата врз помалите места. Русите не го зазедоа Харков“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Ваквата промена на состојбата уследи неколку дена откако Русија најави дека ќе ги фокусира своите напори на источната област Донбас.

Инсистирајќи на анонимност, висок функционер на Пентагон рече оти руските сили би можеле да се вратат во Кијив, но дека не е јасно дали војниците што заминале таму ќе се вратат.

Воената офанзива на Русија во Источна Украина, каде што е и Донбас, се интензивира, јави Би-Би-Си. Големи колони цивили се упатуваат кон запад, а населените места таму се празнат, во очекување на разгорување на воените дејствија. Русија и бунтовничките групи сега контролираат околу 90 отсто од регионот Луганск и околу половина од Доњецк.

Покрај масакрот во Буча, каде се убиени барем 400 цивили, слична е ситуацијата и во градот Хостомел, кој исто како Буча е во близина на главниот град Кијив, каде како исчезнати се водат околу 400 луѓе.

Инаку, според Генералштабот на украинската армија, руските загуби од 24 февруари, кога Русија ја нападна Украина, до денеска, изнесуваат околу 18.900 војници и друг персонал, 698 борбени тенкови, 1.891 оклопни борбени возила, 332 артилериски системи, 55 систем за противвоздушна одбрана, 150 борбени авиони, 135 хеликоптери, 1.358 возила ии 76 камиони-цистерни.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …