Украина

Русија ја нападна Украина

Руските трупи ја напаѓаат Украина од Русија и Белорусија, јави украинската гранична служба. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборува за „војна од големи размери“.

Украинските граничари и контролните пунктови се гаѓани од страна на руските трупи со артилерија и тешко вооружување, јавува украинската погранична служба. Украинското министерство за внатрешни работи јави дека армиските команди во Киев и Харков се гаѓани со ракети. Според медиумски извештаи, експлозии се слушаат во источноукраинскиот пристанишен град Мариупол, како и во Одеса. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба зборува за „војна од големи размери“ против неговата земја.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин одобри воена операција во источноукраинскиот регион Донбас и побара од воените сили на Украина да го положат оружјето. Тој, како што вели, реагирал на барање на лидерот на сепратистите во источна Украина кој е верен на Москва. Во телевизиски говор Путин рече дека Русија нема да ги толерира заканите од страна на Украина, јави агенцијата Интерфакс. Според Путин, Русија нема за цел да ја окупира Украина. Тој го обвини „режимот“ во Киев за крвопролевањето. Истовремено, Путин го предупреди Западот дека секаков обид за мешање ќе има последици „какви што досега не се видени“.

Russland TV Ansprache Putin Militäroperation UkraineРускиот претседател Путин тврди дека Русија нема за цел да ја окупира Украина

Шолц: Еклатантно кршење на меѓународното право

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ја осуди воената интервенција на Русија. „Рускиот напад врз Украина претставува еклатантно кршење на меѓународното право. Тоа не може да се оправда со ништо. Германија најостро го осудува безобѕирниот акт на претседателот Путин“, изјави Шолц,.

– повеќеИсторијата на Украина и лагите на Путин

Тој додаде дека Германија е солидарна со Украина и нејзините граѓани. „Русија мора веднаш да ја запре воената акција“, побара германскиот канцелар. Тој најави дека Германија ќе се договара со своите партнери во Г7, НАТО и ЕУ за натамошните чекори. „Ова е ужасен ден за Украина и мрачен ден за Европа“, рече Шолц.

Бајден: Русија почна војна

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се закани на Москва со тешки последици. Тој зборува за „неиспровоциран и неоправдан напад“ врз Украина. „Претседателот Путин се одлучи за намерна војна, која ќе доведе до катастрофална загуба на животи и човечко страдање“, рече Бајден.

– повеќе: „Циничниот план на Путин“: Историска пресвртница за Европа

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најостро го осуди рускиот напад врз Украина. „Безобѕирниот“ напад го доведува „животот на безброј цивили“ во опасност, рече Столтенберг.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …