Мариупол

Русија планира од градот Северодонецк да направи нов Мариупол, опасност од нови крвопролевања

Опасната тактика од пристанишниот град Мариупол Русија сака да ја примени и во нападите на другите градови од Донбас, обвинуваат украинските власти. Гувернерот на Луганската област, Сергеј Хаидаи изјави дека руските сили во секое село или град ја применуваат истата тактика – бомбардирање, опколување и напади од сите страни, пренесува Би-би-си.

„Руската армија одлучи целосно да го уништи Северодонецк“, изјави гувернерот Хаидаи.

Станува збор за град со околу 100.000 жители, кој е последното поголемо населено место во Луганската област кое се наоѓа под контрола на украинските сили. Руската војска се обидува од сите страни да го опколи Северодонецк за да ги прекине линиите за снабдување на украинските сили.

Инаку, украинските власти ја обвинија Русија дека опколувањето и нападот на Мариупол довело до убивање на дури 22.000 жители, пренесува Укринформ. Ваквите бројки засега не може да се потврдат и од независни извори, но снимките од терен потврдуваат дека градот е целосно разрушен по руската офанзива.

Би-би-си јавува дека градот Запорожје за прв пат бил нападнат со ракети утрово, при што едно лице загинало, а четворица се повредени. Еден трговски центар и 62 домови биле оштетени во градот, кој има околу 720.000 жители. Украинските власти тврдат дека три руски тактички баталјони биле доведени на околу 50 километри јужно од Запорожје, но до денес не е јасно дали ќе се обидат да извршат напад врз главниот град на регионот Запорожје.

Украинските власти обвинуваат дека борбите во Донбас продолжуваат, а во градот Краматорск биле гранатирани домови. Секојдневните напади продолжуваат и во регионите Суми и Чернихив на североикот на Украина, каде што руската војска бомбардира населени места од коишто претходно се повлече. Во Краснопилиа биле оштетени 20 куќи и електрична инфраструктура, јавува Укринформ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …