Русија прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“

В.Д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството. Како што е наведено во соопштението на руското МНР, вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“.

Од руското МНР велат дека ова е одоговор на прогласувањето на дипломат во руската амбасада во Скопје за „персона нон грата“ во август годинава.

Имено, во мај и август оваа година, македонското Министерство за надворешни работи поради скандал на руското разузнавање во Чешка прогласи двајца дипломати на амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност.

Чешката влада на 17 април соопшти дека има докази дека двајца руски воени разузнавачи биле вклучени во бомбашките напади во магацините за муниција што се случија во 2014 година.

Министерството за надворешни работи на Чешка побара целосна компензација од Русија за штетата од експлозиите во кој загинаа две лица.

Русија негира дека има врска со тој инцидент.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …