МАРИУПОЛ

РУСИТЕ РАКЕТИРАА ДЕТСКА БОЛНИЦА И ПОРОДИЛИШТЕ ВО МАРИУПОЛ

Во денешниот воздушен напад на руските сили на детска болница и породилиште во Мариупол, повредени се најмалку 17 лица. Украинските власти од регионот Доњецк изјавија дека меѓу повредените нема деца, но има трудници.

По повод ракетирањето на детската болница се огласи и претседателот на Украина, Зеленски, кој на социјалните мрежи напиша:

„Мариупол. Директен удар од руските сили во породилиштето. Под урнатините има деца. Злосторства! Уште колку светот ќе биде учесник и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Престанете да убивате! Имате моќ, но изгледа го загубивте човечкото во вас“.

Настанот го осуди и британскиот премиер Борис Џонсон, кој на својот профил на Твитер напиша: „Путин мора да одговара за неговите ужасни злосторства“.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …