Руски ракети го погодија Киев и го прекинаа чувството на мир

Руски ракети го погодија Киев и го прекинаа чувството на мир

Бараж од руски ракети рано утринава го погоди главниот град на Украина Киев, а на мета била инфраструктурата, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Нема извештаи за загинати, а едно лице е пренесено во болница со повреди.

Нападот го прекина чувството на мир во Киев, каде што немаше сличен напад од 28 април и посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Ракетите ги погодиле квартовите Дарницки и Дњипровски, соопшти Кличко на Телеграм.

Сирените за узбуна се слушнале речиси истовремено со експлозиите.
Над објект кој личи на складиште се гледа чад, а војската и полицијата го блокираа главниот пат кој води до тоа место.

Руските сили исто така ги продолжуваат акциите во источна Украина, каде што биле изведени ракетни и воздушни напади врз градови и села во регионот Луганск.

Гувернерот на Луганск Сергиј Гајдај на Телеграм објави дека воздушните напади со хеликоптери Ка-52 биле изведени во областите Гирске и Мирне Долине, додека авиони Су-25 извршиле напади врз Устиновка, а Лисичанск бил погоден со ракета.

Оштетени се 13 куќи во Гирске, а пет во Лисичанск.

Уште еден воздушен напад бил извршен врз градот Краматорск, соопшти градоначалникот Олександер Гончаренко. Нема загинати, но објекти во градот се сериозно оштетени, рече тој.

Генералштабот на Украинската армија утринава ги обвини руските сили дека користат фосфорна муниција во регионот Харкив, наведувајќи дека Москва продолжува да спроведува ракетни и воздушни напади врз воената и цивилна инфраструктура, вклучително и во Киев. Од соопштението не е јасно кои инфраструктурни објекти биле погодени во Киев.

Се наведува дека руските сили продолжуваат со нападите врз Северодонецк.

Русите во моментов го држат под контрола источниот дел на Северодонецк и се концентрираат на тоа да ги опколат украинските сили во таа област и да ги блокираат главните логистички рути.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …