русковска

Русковска: Интерпол одбива да распише меѓународна потерница за Груевски и Бошкоски

Интерпол одбива да распише меѓународна потерница за екс премиерот Никола Груевски – кажа денеска Вилма Русковска, шеф на Обвинителството за организиран криминал.

Барањето преку МВР, таа го испратила уште пред два месеца, но од таму им било одговорено дека потерницата нема да биде објавена.

„За предметот што го водам за организаторите на настаните од 27 април побарав преку полиција да се издаде домашна и меѓународна потерница, но последните информации од  Интерпол на Македонија ми се дека седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата“, кажа Рускоска.

На прашање дали одбивањето за потерница е поради азилот, Рускоска кажа дека од Интерпол не ги навеле причините.

Освен за Груевски, Интерпол  одбиваат да распишат потерница и за Никола Бошкоски, поранешен разузнавач, кој исто така е осомничен како организатор на настаните од 27 април, а е во бегство во Грција.

„За петте лица кои беа недостапни во првиот предмет со доказите кои ги испративме заедно со наредбата за истрага, со решенијата за притвор и доказите што испративме во Интерпол, без проблем беа објавени потерници. Додека за овие двајца воопшто не сакаат да ги објават, а се работи за исто кривично дело и се направивме како и во првиот случај и навистина не знам зошто одбиваат тоа да го направат“, кажа Рускоска.

Во однос на бегството на Груевски, во Обвинителството за организиран криминал пристигнала документација од Албанија, но не и видео снимки од граничниот премин при бегството од земјава.

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага и за други лица како организатори на настаните за 27 април. Покрај Груевски и Бошковски, истрага се води и против Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

„Осомничените во предметот ги разгледуваат доказите заедно со своите адвокати и имам намера да ја привршувам истрагата“, кажа Рускоска.

Извор: НОВА ТВ

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …