русковска

Русковска нема да бара мерки за следење за Трајко Вељановски и Љупчо Димовски

Вилма Русковска, обвинителката која го предводи Обвинителството за организиран криминал и која го застапува обвинението за 27 април, вчера изјави дека нема да бара мерки за следење за Трајко Вељановски и за Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзеде имунитетот.

Во изјава за Телма таа рече: „Ако избегаат, Собранието нека му ја мисли“.

Русковска не ги коментираше случувањата во Собранието и не кажа дали ваквиот исход може да влијае на истрагите кои ги води обвинителството. Истрагите ќе продолжат, а Вељаноски и Димовски засега остануваат на слобода. Обвинителството може да побара притвор и во случај доколку подигне обвинение, по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …