русковска

Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април

По опсежна предистражна постапка, вчера е донесена наредба за истражна постапка против организаторите на настаните од 27 април, a се работи за пет осомничени лица Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, информираа денеска на заедничка прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Тие најавија дека може да има и проширување на истрагата доколку се обезбедат и други докази.

–  Осомничениот Н.Г, тогаш претседател на политичка партија заедно со уште двајца осомничени ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети С.Р. и М.Ј. за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура на таа политичка партија и материјални средства. Цело време течела координација помеѓу нив и градските, месните и општинските комитети и изборните единици, при што се давале насоки и се повикувало членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за масовност и влегување внатре во Собранието – рече Русковска.

Во однос на азилантот Никола Груевски, Русковска појасни дека веќе се работи за истражна постапка и доказите ќе бидат испратени до судот, а тој поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда.

Во Законот за амнестија, потенцираше Русковска, не е амнестирано кривично дело, туку се амнестирани поединечни дејствија. Од тие причини, смета дека Законот за амнестија не важи за организатори.

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера се во притвор поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, додека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, по распитот во судот синоќа се повика на пратеничкиот имунитет и замина дома.

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …