С.Македонија годинава домаќин на конференцијата за стратегиски комуникации на НАТО

С.Македонија годинава домаќин на конференцијата за стратегиски комуникации на НАТО

Министерството за одбрана соопшти дека годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата наесен ќе се одржи во Северна Македонија. Според соопштението, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји.

Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации.

„Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за реномето кое го стекнавме како членка на Алијансата која прави решителни чекори во развојот на стратешките комуникации. За Министерството за одбрана, овој голем настан е дополнителна можност за унапредување на репутацијата на Регионалниот центар за односи со јавноста и справување со дезинформации во НАТО и негово вклучување во НАТО-системот за обука во доменот на стратешките комуникации“, соопшти Министерството за одбрана.

Довербата од сојузниците, како што наведува министерството, да ја организира оваа конференција во Скопје, ја доби во 2020 година, но нејзината реализација беше одложена поради рестрикциите предизвикани од ковид-пандемијата. Во 2020 и во 2021 година конференцијата се одржа со видеоконференциска врска.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …