САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

САД: Нападнат иранскиот остров Харг, база за извоз на нафта

Американските вооружени сили ја нападнаа иранската островска база Харг, клучна за нафтената инфраструктура на Иран, уништувајќи ги сите воени цели на локацијата, соопшти претседателот  Доналд Трамп. Тој наведува дека одлуката за воздржување од уништување на нафтената инфраструктура била „привремена“ и ја задржува можноста за промена доколку Иран или друга страна ја попречат слободната пловидба низ Ормускиот Теснец.

Според Трамп, операцијата претставувала една од „најмоќните воздушни акции во историјата на Блискиот Исток“.  Американските напади  биле насочени кон складишта за ракети, поморски бази, системи за противвоздушна одбрана и инфраструктура што, како што тврди Вашингтон, била користена за загрозување на меѓународните трговски патишта.

Стратешкото значење на Харг и блокадата на Ормускиот Проток

Островот Харг, лоциран во Персискиот Залив, претставува најважниот извозен центар за иранска сурова нафта. Речиси целиот ирански извоз се пренасочува преку овој остров, што го прави клучна стратешка точка за економијата на Исламската Република.

Во текот на воениот конфликт во регионот,  Иран ја блокираше пловидбата низ Ормускиот Теснец  — една од најважните светски транспортни рути за нафта — што доведе до речиси целосен прекин на поморскиот сообраќај. Американската морнарица најави дека „наскоро“ ќе започне со вооружена придружба на танкерите низ теснецот.

Иран со остри предупредувања: закана за уништување на американски цели

Иранските вооружени сили ги предупреди  САД  дека секој напад врз нафтената, економската или енергетската инфраструктура на земјата ќе биде третиран како причина за масовна одмазда. Во тој случај, „сите американски објекти во регионот ќе бидат уништени“, изјави портпарол на иранската армија, пренесено од државниот медиум Прес ТВ.

Иранските Револуционерни гарди продолжуваат да ја одржуваат блокадата на Ормускиот Теснец, следејќи наредба од новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, потврдуваат ирански извори блиски до властите.

Ескалација со потенцијално глобални последици

Американските удари  и иранските закани доаѓаат во период кога тензии во регионот ескалираат и се прелеваат врз меѓународните пазари. Блокадата на Ормускиот Проток веќе  го нарушува глобалниот снабдувачки синџир за нафта,  а воените аналитичари предупредуваат дека секое понатамошно проширување на конфликтот би можело да предизвика   драматични последици врз светската економија.

Со нападот врз Харг, Вашингтон испраќа јасна порака дека блокадата на клучните енергетски патишта нема да биде дозволена, додека Техеран одговара со закани дека секоја интервенција врз неговата енергетска инфраструктура ќе значи директно проширување на конфликтот.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела …