САД одобрија нов лек за Алцхајмерова болест

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот нов лек за Алцхајмерова болест по скоро 20 години, игнорирајќи ги предупредувањата од независни советници дека третманот не се покажал како ефикасен за болеста што го уништува мозокот. Тоа е единствениот лек што, според американското регулаторно тело, постои можност да може да ја излечи самата болест наместо да се фокусира само врз симптомите на болеста, како што се анксиозност и несоница. Новиот лек што Биоген го разви со јапонската корпорација Еисаи се дава како инфузија на секои четири недели.

Американската ФДА бара од производителот да спроведе дополнителна студија за да ја потврди користа на лекот за пациентите. Доколку студијата не ја покаже ефикасноста ФДА може да го повлече лекот од пазарот, иако ретко го прави тоа.
Биоген не ја објави веднаш цената, иако аналитичарите проценуваа дека лекот може да чини од 30.000 до 50.000 долари за една година на лекување. Скоро шест милиони луѓе во САД и многу повеќе низ целиот свет имаат Алцхајмерова болест која постепено ги напаѓа деловите на мозокот потребни за меморија, расудување, комуникација и основни дневни активности. Во последните фази на болеста, пациентите ја губат способноста за голтање.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Дел од осомничените за нападот во Москва признале вина

По нападот во концертна сала во Москва, судот испрати четворица осомничени во притвор. Според извештаи …