Стејт департмент: САД без одложување поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со С. Македонија и Албанија

Стејт департмент: САД без одложување поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со С. Македонија и Албанија

Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, порача портпаролот на Стејт департментот.

САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, порача портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер.

 

Ваквата порака се испраќа во пресрет на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Европа. Западен Балкан се очекува да биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на ЕУ, следната недела во Брисел. За осум дена Бајден треба да учествува на четири самити во три земји, во првата посета на Европа во својство на американски претседател. Прво, ќе учествува на самитот на седумте најразвиени земји во Карбис беј во Велика Британија, потоа ќе оди на самитот на НАТО во Брисел, па на самитот на врвот на ЕУ и потоа следната среда следи средба со рускиот претседател Владимир Путин во Женева. На агендата има и многубројни билатерални разговори, меѓу другите и со германската канцеларка Ангела Меркел како и куса аудиенција кај британската кралица Елизабета во дворецот Виндзор.

Медимите од регионот објавија дека САД и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција.

Претседателот на САД, Џо Бајден пред неколку дена издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот. Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД. Декретот кој во вторникот вечер (08.06.2021) го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Филмски факт: Вистинскиот настан што го инспирирал „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

Филмски факт: Вистинскиот настан што го инспирирал „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

Гала премиерата на реставрирана копија на филмот „Пред дождот“, што се одржа на 9 декември …