САД: Преговорите на Албанија и Северна Македонија за членство во ЕУ треба да започнат без одлагање

По неодамнешната средба меѓу секретарот Блинкен и високиот претставник Борел, Соединетите држави и ЕУ се согласија дополнително да го зајакнат нивниот заеднички ангажман на Западен Балкан за поддршка на напредокот на регионот на европскиот пат.

„Ја подвлекуваме нашата целосна поддршка за процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ, наведен приоритет за целиот Западен Балкан, помага во консолидација на демократските институции, заштита на основните права и унапредување на владеењето на правото. Овој регион припаѓа на Европската унија. Поблиската интеграција ќе ја зајакне стабилноста и ќе придонесе за просперитет на луѓето од регионот. Во овој контекст, нагласуваме дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање“, стои во соопштението на Стејт департментот.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …