Саем на мебел 2025

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор – заедно градиме поддршка и надеж

Годинашниот Саем на мебел, покрај инспирацијата за домот, носи и порака на солидарност – дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани во фондот за солидарност на Црвен крст за настраданите од пожарот во Кочани

Во моменти кога зборовите тешко ги доловуваат чувствата, нашите дела зборуваат најгласно. Токму затоа, годинашниот Саем на мебел, што ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје, не е само простор за дизајн, инспирација и иновации – туку и заедничка подадена рака. Среде подготовките за настанот кој секогаш носи креативност и свежи идеи за уредување на домот, не можеме да останеме рамнодушни пред болката што ја потресе Македонија.

Со длабока почит кон семејствата погодени од трагедијата во Кочани, информираме дека дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани преку Фондот за солидарност на Црвениот крст, за настраданите и повредените во трагичниот настан. За посетителите кои сакаат да придонесат, на Саемот ќе бидат поставени кутии за донации во соработка со Црвениот крст, овозможувајќи секој да даде свој придонес во хуманитарната акција.

Саемот на мебел 2025, ќе се одржи од 26 до 30. март 2025, во комплексот Борис Трајковски, со повеќе од 50 брендови. Работно време на саемот е секој ден од 10.00 до 20.00 часот.

За повеќе информации за Саемот на мебел, посетете ги следните линкови:

Прочитајте повеќе

Саем на мебел 2025

Саем на мебел 2025: Спој на дизајн, иновации и хуманост што привлече над 15.000 посетители

Годинешниот Саем на мебел, одржан од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, беше …