Се ближат претседателски избори. Листите на кандидатите, сега за сега, се долги. Но тоа не значи дека нема простор за уште еден. Ти!

Без грижа за подготвката. За тоа е тука „сам свој мајстор” табелата.

Одберете по еден ред од секоја колона, и… твојата политичка платформа е подготвена!

А Б В Г
Дами и господа реализацијата на програмите кои ги усвоивме нè води кон јакнење на постоечките административни капацитети.
Од друга страна местото и улогата која ја има образованието има своја важна улога за утврдување на базата за идниот раст.
Исто така константниот пораст на квалитетот на нашата работа води кон прецизирање и дефинирање на системот на отворена партиципација.
Сепак, да не заборавиме дека сегашната организациска структура помага во подготовката и изработката на ставовите кои се утврдени со националните стратегии за нашите евроинтеграции.
Секојдневната пракса покажува дека новиот модел на интер-операбилност ќе гарантира активно учество и разработка на серија нови идеи и конструктивни предлози.
На тој начин нашата постојана грижа за информираноста придонесува во голема мерка за поголема ефикасност на едно ново реформирано образование.
Не е потребно да се истакнуваат овие проблеми затоа што јакнењето и ширењето на системот и структурите ни овозможува подобра проценка на системот на кадровски ангажман прилагоден на нашите потреби и цели.
Богатото и разновидно искуство како и проширувањето на различните видови активности во голема мера ќе придонесе за развој на акциските планови кои ги забрзуваат реформите.
Грижата околу организацијата, а пред сè консултацијата со пошироката јавност е одлучен исчекор за развивање на реформската рамка за евроинтеграциите.
Највисоките национални приоритети како и стартот на една решителна реформска кампања започнува процес кој има за цел подобрување на разните видови на позитивни чинители.

*табелaта е инспирирана и адаптирана од српски Блиц

Текстот во целост е преземен од веб сајтот КОМУНИКАЦИИ