Самовилски приказни од судницата

Самовилски приказни од судницата

Настаните во Вашингтон беа идеална можност вмровските структури да соберат храброст и да ја кажат вистинската приказна за 27 април наместо да ги слушаме идеализираните приказни во судскиот процес за организаторите.

Пишува: Љупчо Поповски

Најпрво околу оние што се потрудија веднаш по објавувањето на минатонеделната колумна „Подарок од Трамп за Вилма Русковска“ на одреден начин да ги релативизираат не само сличностите со насилниот упад во македонското Собрание на 27 април и обидот за убиство на македонски пратеници, туку и оние страшни сцени што се случија во американскиот Капитол на 6 јануари. Кога се брза да се отфрлат какви било сличности, и тоа само по два дена откако почна истрагата на ФБИ и на американските обвинители, тогаш работите се враќаат назад како десет тешки бумеранзи. Ако некој помислил дека она што се направило во двата дена по хаосот на Капитол ќе биде сето она што што ќе го направат американските истражни органи и обвинителите, тогаш тој не само што е во длабока заблуда, туку и мисли дека најсилната демократија во светот функционира онака како што функционираше македонското обвинителство во првите денови по 27 април – отфрлајќи ја секоја желба темелно да ги истражи крвавите настани.

Уште на почетокот на неделава ФБИ изјави дека бунтот во Капитол ќе биде истражуван на сличен начин како што беше водена истрагата за терористичкиот напад на Бостонскиот маратон – од секунда во секунда, од секвенца до секвенца, од човек до човек, сѐ додека сите што се виновни не се извадат пред правдата. Досега ФБИ има собрано 100.000 видео снимки и десетици илјади јавувања на луѓе кои препознаваат некои од учесниците во насилните настани. До какви првични заклучоци дојдоа истражителите само 10 дена подоцна. Асошиетед прес вчера даде сублимат на подготовките на настаните и на самите случувања, за кои обвинителите велат дека се шокантни, а дека уште пошокантни бил снимките од внатрешноста на Конгресот кои засега не се појавиле во јавноста.

Што се знае досега? Во четвртокот вечерта федералните обвинители поднесоа документи во судот во кои пишува дека целта на толпата што упадна во Конгресот била „фаќање и убиство на избрани службеници“. Ова го пишува во документите поднесени за познатиот човек со крзена капа и рогови од Аризона. Деталите изнесени во судските документи, фрлаат ново светло колку бил сериозен бунтот во Капитол. Истражителите веруваат дека сето тоа било многу поорганизирано а не дека станувало збор, како што велат насилниците, за спонтан излив на гнев поради изборите и поразот на Доналд Трамп.

Скандирањето „Да се обеси Мајк Пенс“ е познато веќе неколку денови по објавувањето на повеќе снимки од толпата во конгресните ходници. Но во четвртокот во Тексас обвинителот му образлагаше на судијата дека човекот кој беше уапсен во неделата и кој на снимките носеше специјални пластични стеги кои се користат како лисици, а е полковник, имал намера за земе заложници. „Тој сакаше да киднапира, задржи, а можеби и да погуби членови на американската влада“.

Потоа, редицата луѓе надвор од Капитол кои ја пееја американската химна беа наредени во линија носејќи маслинести шлемови во формација позната како „Ranger File“, што е стандардна оперативна процедура за воен тим што оди во борба. АП пишува дека секој војник што служел во Ирак или Авганистан ќе ја препознае оваа формација подготвена за напад на храмот на американската демократија и дека оние што биле во неа ја поминале таа обука. Во многу случаи оние што упаднаа во Капитол се чини дека користеа тактики, панцири и технологија, како двонасочни радио слушалки, слични на оние кои ги имаше полицијата со која се соочија.

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …