Самсунг и Хуавеи веќе работат на 6G технологија

Корејската компанија Самсунг Електроникс официјално најави дека работи на развој на нова 6G мобилна мрежа. Информацијата доаѓа во период кога е доведено во прашање распространувањето на контроверзната 5G мрежа, затоа што во многу држави уште нема најава за воведување на оваа технологија.

Од Самсунг потврдија дека ги прошириле постоечките истражувања во областа на телекомуникациите. Овие истражувања ќе бидат дел од неодамна формираниот центар за истражувања во рамки на компанијата Самсунг Рисирч. Покрај работата на развојот на 6G, Самсунг Рисирч е задолжен и за развивање на вештачка интелигенција и роботика.

Пуштањето во опсег на 6G мрежата нема да се случи наскоро. Се очекува да поминат неколку години додека актуелната 5G мрежа стане широко распространета. Лансирањето на нејзиниот наследник се очекува некаде помеѓу 2028 и 2030 година. Се очекува брзината на новата мрежа да биде поголема неколку пати од онаа на 5G.

Кинеската влада, пак, уште минатата година соопшти дека е започнат проектот за развој на следната генерација мобилна мрежа 6G, за која имаат јасно поставена стратегија. Кинескиот развој на новата мрежа ќе биде предводен од групи кои ќе работат во координација со владините тела, како и од научни групи оставени од неколку институти од кинеските универзитети. Најавуваат дека технологијата може да биде достапна за околу десет години. Кина ја предводи имплементацијата на во моментов актуелната 5G мрежа преку Хуавеи. Оваа компанија е вклучена во развојот и на шестата генерација мобилна мрежа.

Со ова, на повидок е нова битка помеѓу конкурентите Самсунг и Хуавеи за тоа која компанија ќе доминира со опремата и имплементирањето на идната 6G технологија.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …