На овогодинешниот Саем за електроника за широка потрошувачка CES 2021, дури 44 од најновите производи и услуги на компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. освоија награди за иновации, признание што препознава извонреден дизајн и инженерство на најсовремени технологии, вклучувајќи и четири награди за Best of Innovation.

Меѓу добитниците на CES 2021 наградите за иновации беа и неколку неодамнешни Samsung иновации во категоријата екрани, вклучувајќи го и новиот 110-инчен MICRO LED, производ кој ја доби наградата Best of Innovation, за неговите водечки карактеристики, кои на корисниците им нудат можност за целосно со управувањето со искуството.

MICRO LED екранот од 110-инчи, добитник на наградата Best of Innovation, нуди  супериорно визуелно искуство. Содржи 24 милиони индивидуално контролирани LED диоди и моќен MicroLed процесор за квалитет на сликата која остава без здив. Со повеќе од 99,99 проценти сооднос на екранот и телото и Samsung амбиенталниот режим кој содржи три ексклузивни дела на уметникот Рефик Анадола, телевизорот беспрекорно се вклопува во  околината без разлика дали екранот е вклучен или исклучен.

Samsung QN900A Neo QLED од 85-инчи го подобрува искуството за гледање благодарение на надградениот квантен процесор базиран на вештачка интелигенција и целосно новата технологија за извор на светлина, при што секој чип со LED позадинско осветлување самостојно емитува светлост за да овозможи уживање во содржината и гледање на тоа што е предвидено.

Samsung моделите за 2021 година, QLED и Neo QLED, се карактеризираат со најновите напредни технологии и вештачката интелигенција, што им овозможува на поголем број корисници да уживаат во гледањето телевизија, сето тоа благодарение на функциите како што се Caption Moving, Sign Language Zoom и Multi-Output Audio.

Наградите за иновации саемот CES 2021, добија и некои од најновите Samsung домашни апарати и паметни апарати за домаќинство, дизајнирани да одговараат на кој било животен стил, како што е новиот фрижидер Samsung Bespoke со четири врати.

Samsung Bespoke 4-Door Flex е најновиот фрижидер во рамките на Bespoke линијата на фрижидери, кој на корисните им нуди можност да бираат од широк спектар на бои и завршни работи. Покрај тоа, има одлични и флексибилни функции, како и новот Beverage Center.

Family Hub за 2021 година, е многу повеќе од место за чување храна. Се одликува со флексибилни функции за чување храна, интуитивен и целосно прилагодлив 21,5 инчен LED екран на допир, и одликува со беспрекорна поврзаност на уредот што овозможува подобро готвење, забава, пораки и многу повеќе.

WF8800A машината за перење со предно полнење, го прави перењето полесно, поинтуитивно и помалку стресно од кога било, благодарение на корисничкото искуство со паметното избирање на опции (Smart Dial), кое ги учи желбите на корисникот, а потоа препорачува оптимални циклуси за секое миење.

Елегантната роботска правосмукалка JetBot 90 AI + со LiDAR и 3D сензори, како и најсовремената Intel технологија за препознавање на објекти за прецизно маневрирање околу нив, поседува и само-празнечки Clean Station ™ и предна камера за ефикасно и паметно чистење на домот.

Jet 95 Cordless Stick Vacuum е револуционерен асистент кој го чисти домот благодарение на автоматскиот систем за празнење на прашината, кој е интегриран во неговиот дел за полнење на батеријата.

Тенката Samsung over-the-range (OTR) микробранова печка е дизајнирана да се вклопи во секоја кујна, заштедува простор на работната површина, пружејќи оптимални перформанси како најдобра индустриска микробранова печка со 1100 вати и вклучува систем за вентилација со моќност од 550 cu.ft./min капацитет на вшмукување.

Samsung Front Control Slide-in индуктивна плоча со Flex Duo зона претставува модерна надградба за секоја кујна. Овој модел има Wi-Fi конекција, поедноставна контрола на опсегот со помош на паметно бирање (Smart Dial) и вграден Air Fry режим за подобро готвење. Покрај тоа, со употреба на индукцијата, се намалува потрошувачката на енергија, а и има двојна врата што се претвора од една печка во две, така што корисниците не се ограничени на само една температура на печката или на тајмер.

Samsung прочистувачот за вода (Family Faucet/Chef Faucet) има можност за Wi-Fi конекција и гласовна контрола. Тој нуди подобро филтрирање и се одликува со две славини за различни намени, прилагодлива хоризонтална или вертикална инсталација и далечинско, паметно управување.

SmartThings Cooking нуди уникатно кулинарско искуство напојувано со Whisk’s Food AI. SmartThings Cooking препорачува рецепти што одговараат на вкусот и хранливите потреби на корисниците, составува планови за оброци и списоци со храна и испраќа податоци за рецепти директно до интегрираните уреди што овозможуваат паметно искуство со готвење.

Наведените производи и услуги беа презентирани на овогодинашниот виртуелен CES  настан, заедно со серија добитници на CES 2021 награди за иновации од Samsung екосистемот, вклучувајќи различни производи од категоријата мобилни телефони, како и водечки Samsung мемориски решенија.