полиција србија

Домарот во Сански Мост го убил директорот на училиштето, секретарот и професорката по англиски

М.В., вработен како помошен работник во училиштето, со автоматска пушка влегол среде состанок на наставничкиот колектив и убил три лица. По масакрот се обидел да се самоубие

Стравично тројно убиство и обид за убиство се случило утрово во гимназијата во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Како што информираат медиумите, М.В, вработен како помошен работник во училиштето, со автоматска пушка влегол среде состанок на наставничкиот колектив и убил три лица. По масакрот се обидел да се самоубие, но со тешки повреди е префрлен во Ургентниот центар во Бања Лука.

Како што информира Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон, а пренесува РТРС, убиени се директорот Н.Х., секретарката Н.К, како и професорката по англиски јазик Г.М.

Неофицијално, домарот М. В. влегол во гимназијата со оружје, пукал во професорите кои во тој момент имале состанок. Тој се здобил со тешки повреди откако се обидел да се самоубие и со возило на Итна помош пренесен е во Ургентниот центар во Бања Лука.

„Повредите се опасни по живот. Полицијата е на местото на злочинот и врши увид и прибира информации за да се утврди како дошло до оваа трагедија“, изјави Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП.

Мотивот за овој злочин полицијата ќе го соопшти откако ќе ја заврши истрагата. Неофицијално, домарот не бил во добри односи со раководството на училиштето.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

нови сад

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку 8 загинати

Осум лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица, во …