СДСМ

СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, продолжуваме со покачување на платите

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на трудот на работниците, но само преку дијалог меѓу засегнатите чинители.

Потврда дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во градинките, основното и средното образование, за 12 отсто.

Покачувањето согласно ова усогласување треба да се реализира, со ребалансот на буџетот.

За жал, штета поради штрајкот на СОНК претпреа учениците, губејќи две недели настава, и дополнително ќе се утврди како соодветно да се надомести.

СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во изминатиот период ги покачи платите во образованието за 21 отсто.

Како одговорна партија СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …